Background

Мечка видена на главниот булевар во Дебар

Здружението на ловци „Стогово“ од Дебар предупредува на загрижувачка појава на диви животни како што се мечки, диви свињи, волци и лисици во градот и во населените места.

Дивите животни се приближуваат до населените места и влегуваат во нив. Оваа појава претставува зголемена опасност за жителите во руралните подрачја, но и во градот.

„Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни, особено мечките бараат повеќе храна за да се подготват за зимата. Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност“, наведуваат од Здружението.

- Advertisement -
Ad image

Без намера да се создадат паника, но со цел да се заштитат граѓаните, од Здружението велат дека имаат обврска да дадат неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации.

„Останете смирени. Не правете брзи движења и не трчајте, повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот на животното, зборувајте со тивок и со смирен глас, за мечката да разбере дека сте човек. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација. Доколку е на поголемо растојание, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи. Ако е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината“, советуваат од Здружението.

Има и совети што не треба да се прави: Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот, не викајте и не ја провоцирајте, не ѝ приоѓајте за фотографии или за видеа, никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно, не ја следете во шумата, не оставајте храна надвор од домот или објектите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation