Шест и пол тони кокаин се запленети на трговски брод кај Канарските Острови, а деветчлениот екипаж е уапсен, соопшти денеска шпанската полиција.
Операцијата ја спровеле специјални единици на шпанската полиција, кои пресретнале брод под знамето на Танзанија кај Канарските Острови, архипелаг покрај брегот на северозападна Африка, пренесува Бета.
Кокаинот бил пронајден во багажниот простор на бродот, кој испловил од Панама и бил на пат кон пристаништето Виго, во северозападна Шпанија.
Шпанската полиција за транспорот на кокаин била известена од Федералната агенција на САД за борба против трговија со дрога.
Во октомври 2024 година, полицијата откри 13 тони кокаин во пристаништето Алхесирас, во јужна Шпанија, скриени во контејнер меѓу банани. Властите ја опишаа таа заплена како најголема во историјата на трговијата со дрога во земјата.
Шпанија е една од главните порти за влегување на кокаинот во Европа, поради нејзините врски со Латинска Америка, каде што се произведува дрогата, како и поради нејзината географска локација.
Tagged as:
а деветчлениот екипаж е уапсен Шест и пол тони кокаин се запленети на трговски брод кај Канарските Острови
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
