Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје.
Веднаш реагираше полицијата по што е приведено едно лице.
Според Мондо, уапсен е 70-годишниот Владан А. под сомнение дека пукал и го ранил Милан Б. (57). Се наведува дека Владан А. пукал, потоа запалил шатор пред Собранието и фрлил неколку куршуми во огнот.
Милан Б. наводно е ранет во бутот и неговиот живот не е во опасност. Се наведува дека обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград излегол на местото на настанот за да изврши истрага.
Пожарникарите го гаснат пожарот со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студенти кои се спротиставуваат на блокадите.
Српските пратеници днееска треба да гласаат за 48 точки од дневниот ред.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
