Индија и САД се приближуваат кон долгоодложуван трговски договор што би ги намалил американските тарифи за индискиот увоз од 50 на 15-16 проценти, а договорот би можел постепено да ја намали увозот на руска сурова нафта од страна на Индија, објави индискиот весник „Минт“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во вчера разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, главно за трговијата. Трамп рече дека енергијата е исто така дел од нивниот разговор и дека Моди го уверил дека Индија ќе го ограничи купувањето нафта од Русија.
-Тие нема да купуваат многу нафта од Русија. Тие сакаат таа војна да заврши исто како и јас. Тие сакаат војната со Русија, Украина да заврши и како што знаете, нема да купуваат многу нафта – изајви Трамп
Моди, исто така, потврди дека разговарале, но не ги прецизираше темите на разговорот.
„Ви благодарам, претседателе Трамп, за телефонскиот повик и топлите желби за Дивали. Нека светлината на нашите две големи демократии продолжат да го осветлуваат светот со надеж на овој фестивал на светлината и да застанат обединети против тероризмот во сите негови форми “, напиша Моди на платформата X, осврнувајќи се на хиндуистичкиот фестивал на светлината.
Како дел од разговорите со Вашингтон, Индија може да дозволи поголем увоз на американско пченкарно и соино брашно кое не е генетски модифицирано. Моменталниот увоз е 0,5 милиони тони годишно.
Договорот би можел да вклучува и механизам за периодични прегледи на тарифите и пристап до пазарот, соопштија медиумите.
Склучувањето на билатералниот трговски договор веројатно ќе биде објавено на самитот на АСЕАН овој месец, наведува весникот.
Tagged as:
Американските царини би можеле да паднат на 15%
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
