ЕУ прави сè што може да го поткопа претстојниот самит помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп и продолжува со напорите за ескалација на судирот во Украина, обвини денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта. Агресивната западноевропска заедница сака да ги саботира сите мирољубиви стремежи – наведе Захарова.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Будимпешта е избрана за средба помеѓу Путин и Трамп поради тоа што премиерот на Унгарија, Виктор Орбан има добри односи со американскиот претседател и конструктивни врски со рускиот претседател.
– Работата за подготовка на претстојниот состанок во унгарската престолнина, чија цел е постигнување решение за конфликтот во Украина и развивање на односите меѓу Русија и САД, само што почнаа – посочи Песков.