По 20 години владеење, во општината која долго време беше пример за прогрес, СДСМ ќе се најде во опозиција, истакна Костадин Костадинов во својата објава на Фејсбук. Тој честита на новиот градоначалник и на мнозинството во Советот на Општината, оценувајќи дека резултатот ја покажува волјата на струмичанки и струмичани.
– Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тежок политички и морален удар за СДСМ“, напиша Ко
Тој посочи дека СДСМ сега е четврта политичка сила и дека не влезе во втор круг во Скопје, што, според него, укажува на потребата од политичка одговорност и итни реформи во партијата.