Малопродажните цени на бензините остануваат исти, а цената на дизелот и нафтата за горење се намалува за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според неа, од полноќ цената на дизелот ќе изнесува 67,00 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) 66,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,614 денари за килограм на 36,047 денари.
Цената на бензинот од типот „еуросуперот“- 95 останува 73,00 денари. додека малопродажната цена на
„еуросупер-98 останува 75,00 денари за литар.