Додека се одвива драмата околу разводот на оскаровката, постарата ќерка чекори по манекенските писти

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека драмата околу разводот на оскаровката Никол Кидман и кантри ѕвездата Кит Урбан продолжува, нивната постара ќерка, 17-годишната Сандеј Роуз, пронашла утеха во дружбата со својата братучетка, 27-годишната Лусија Холи.

Лусија, која е новинарка, е ќерка на сестрата на Никол, Антонија и е позната по тоа што е блиска со Сандеј Роуз и нејзината помлада сестра, 14-годишната Фејт Маргарет. Таа е исто така многу блиска и со својата тетка Никол, а беше видена како се дружи со Сандеј Роуз во Париз минатата недела.

Младата манекенка прошета на неколку ревии за време на есенската Недела на модата во Париз за што  објавуваше на својот Инстаграм, а на некои фотографии беше и нејзината братучетка Лусија.

Двете позираа за шик селфи пред огледало пред да излезат да уживаат во колачи во локална париска слаткарница.

Пред разводот на двојката, која беше во брак 19 години, да стане познат и медиумите да почнат да го „секцираат“ раскинувањето на една од најдолготрајните врски на познати личности, Никол наводно била неразделна од своите ќерки цело лето, веројатно подготвувајќи ги за она што доаѓа.

Според договорот, Никол ќе биде примарен старател на ќерките, тие ќе поминуваат 306 дена годишно со неа, а само 59 дена со својот татко.

Никол и Кит се венчаа во јуни 2006 година, а во јануари 2008 година, познатата актерка, која претходно имаше две посвоени деца од бракот со Том Круз, сега 32-годишната Изабела и 30-годишниот Конор, потврди дека таа и Урбан го очекуваат своето прво заедничко дете.

Сандеј Роуз е родена во јули истата година, а Фејт Маргарет е родена во декември 2010 година, со помош на гестациска сурогат мајка (генетски неповрзана со бебето). Во интервју за Allure во мај оваа година, Никол изјави дека е многу блиска со своите ќерки, кои, како што рече, се впуштиле во манекенска кариера, но имаат и малку актерско искуство.

Сандеј Роуз го имаше своето деби на модната писта на Неделата на модата во Париз во октомври минатата година, носејќи ревија на Miu Miu. Фејт Маргарет, од друга страна, сними рекламна кампања за луксузниот бренд за козметика Clé de Peau Beauté во јуни оваа година, заедно со нејзината мајка.
Во интервју за списанието NYLON, на чија насловна страница се појави за прв пат во август, Сандеј Роуз објасни дека отсекогаш ја сакала модата, а светот на манекенството ја привлекувал бидејќи уште од детството ги гледала рекламните снимања на нејзината мајка.

- Advertisement -
Ad image

– Она што отсекогаш го сакав кај модата е фактот дека секој бренд е различен, кога ги гледате ревиите можете да видите како секој дизајнер се изразува на различен начин. Растејќи, одев на многу фотосесии на мајка ми, и тоа дефинитивно доведе до мојот интерес за светот на модата – изјави Сандеј Роуз.

Таа исто така изјави за NYLON дека нејзините родители поставиле две големи правила пред да влезе во светот на модата. Првото било дека не може да се занимава со ништо дополнително пред да наполни 16 години, а второто било дека училиштето секогаш морало да биде на прво место. На почетокот, го мразела тоа, но сега вели дека е среќна бидејќи ѝпоставиле добра основа.

Кит Урбан ги пофали амбициите на неговата постара ќерка во едно интервју и рече дека се надева дека тој и Никол ќе можат да ѝ помогнат да избалансира сè што ја чека, и дека Сандеј Роуз ќе има корист од тоа што има родители кои многу добро знаат што значи да се биде славен и што носи сето тоа.

- Advertisement -
Ad image

Сандеј и Фејт се појавија и како статисти во втората сезона од многу успешната и популарна серија на нивната мајка на HBO „Big Little Lies“, а го имаа своето филмско деби со позајмување на гласовите на птиците во филмот од 2019 година „Angry Birds 2“. Сандеј Роуз се појави и во епизода од мини-серијата „Breakdown“, во која Никол глумеше со Хју Грант.

И додека моментално сè повеќе се занимава со манекенство, Сандеј Роуз вели дека нејзината долгорочна цел е поинаква кариера – снимање филмови.

– Тоа е мојата кариера од соништата уште од петгодишна возраст и се надевам дека тоа ќе студирам – рече Сандеј, додавајќи дека еден од филмовите што најмногу ја инспирирале бил „Паразит“, јужнокорејска црна комедија/трилер од 2019 година, кој освои четири Оскари. Идната режисерка вели дека го гледала најмалку четири пати.

Засега, нејзината кариера како модел има предност, таа повторно прошета на Неделата на модата во Париз во март и повторно овој октомври, секој пат со сè поголема самодоверба, а неодамна се појави на неколку забави по ревијата за време на Неделата на модата во Њујорк.

Таа, исто така, ја сними рекламната кампања „Мојата мала тајна“ за луксузните часовници Омега, бренд чиј амбасадор е нејзината мајка од 2005 година. Таа изјави за „Tatler Asia“ дека можноста да ги следи стапките на нејзината мајка била на некој начин полн круг бидејќи Омега е дел од нејзиното семејство целиот нејзин живот.

Share This Article