Благодарам Македонијо за историската победа, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на прес-конференција на која соопшти дека неговата партија победила во десетици општини во првиот круг, а се очекува убедлива победа и на Орце Ѓорѓиевски во Скопје.
– ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, има општини каде разликата е 6:1, 7:1, па и 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија. Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места. Орце води убедливо во Скопје, 5:1, во некои општини и 6:1. Имаме водство и во Центар – рече тој.
На прагот сме на убедлива победа во Струмица, во Тетово Билал Касами води со 2:1, а во Карпош ќе има втор круг, додаде Мисајловски.
– Во врска со споменатите нерегуларности од страна на СДСМ, разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со која сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакл треба да си го бараат во сопствените редови. Што се однесува до ДУИ, оваа партија очигледно е декласирана. Али ќе има време да си го анализира својот пораз – рече Мисајловски.
Победата е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги водиме, додаде тој.
Мисајловски рече дека очекува поголема победа од првичната проценка дека ќе освојат 45 до 50 општини.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
