Охрид – Локалните избори во Охрид забележаа солидна излезеност до 19 часот, со 26.000 граѓани кои го искористија своето право на глас, што претставува околу 50% од вкупниот број запишани избирачи во градот.
Овие податоци укажуваат наголем интерес на охриѓаните за локалната политика и идниот правец на развој на градот. Излезеноста од половина од избирачкото тело до затворањето на гласачките места се смета за солиден резултат и укажува на активно граѓанско учество.
Избирачите во Охрид денеска одлучуваа за новиот градоначалник и составот на Советот на општината, со што ќе ги определат приоритетите на локалната самоуправа во наредниот период.
Конечните резултати за излезеноста и гласањето се очекуваат подоцна вечерва, откако ќе бидат затворени сите гласачки места и ќе биде завршено со броењето на гласовите. Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните податоци за излезеноста и првичните резултати во текот на вечерта.
Изборниот процес протече мирно и без поголеми инциденти, а набљудувачите го следеа текот на гласањето на сите гласачки места низ градот.