Драги мои,
мојата програма не е само букви и бројки на хартија, таа е програма од срце.
Од охриѓанец за охриѓани.
Пред четири години, чесно и достоинствено ја побарав вашата доверба. Денес, повторно стојам пред вас — со исправена глава и чист образ. Со резултати зад себе и со уште поголема енергија пред себе!
Охрид не смее да застане!
Охрид мора да продолжи да се развива!
Знаеме како, Покажавме дека умееме. И продолжуваме — со уште повеќе срце, уште повеќе љубов и уште повеќе решителност!
„Трудот и борбата се темелот на човечкото достоинство.“ , рекол Кочо Рацин
А ние тоа достоинство го вративме на Охрид!
Затоа Ве повикувам сите заедно, македонци, египќани, турци, албанци, власи, срби, бошњаци и сите останати на 19 октомври да излеземе масовно и референдумски да дадеме поддршка за бројот 9 за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на Општина Охрид!
ОХРИД НЕ ЗАПИРА ПОВЕЌЕ!
Да живее нашиот град!
#твојотчовек #Затвоетоместо #ЗаТвојатаИднина #ВистинскиотИзбор #охриднезапираповеќе