Background

Во најновиот американски воен напад врз брод во Карибите за кој постоело сомнение дека превезува дрога за првпат има и преживеани

Во најновиот американски воен напад врз брод во Карибите за кој постоело сомнение дека превезува дрога за првпат има и преживеани, потврди висок американски функционер.

Засега не е познат бројот на луѓе што биле на бродот, ниту колку преживеани се пронајдени, објави Си-Би-Ес Њуз.

Во досегашните 6 напади врз бродови во водите на Карипско Море загинаа најмалку 27 луѓе.

- Advertisement -
Ad image

Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека не е јасно дали последната операција била дизајнирана да остави преживеани и не кажа дали преживеаните се спасени или дали моментално се во американски притвор.

Пентагон не одговори на прашања за детали од нападот.

САД ги нарекуваат нападнатите субјекти „наркотерористи“, наведувајќи ја потребата од порешителна борба против шверцерските мрежи кои делуваат од Венецуела.

Во претходните американски напади сомнителните бродови беа целосно уништени и немаше извештаи за преживеани.

Видеата објавени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп покажаа уништени цели, а операциите беа претставени како дел од „војната против наркотероризмот“.

Службениците на администрацијата на Трамп тврдат дека традиционалните методи за борба против трговијата со дрога, како што се апсења и запленување на товар, не успеале и дека е неопходна воена сила.

Во меѓувреме, военото присуство на САД во Карибите се интензивираше – во регионот се распоредени разурнувачи со наведувани ракети, борбени авиони Ф-35, нуклеарна подморница и околу 6.500 војници.

Трамп вчера откри дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, дополнително поттикнувајќи ги шпекулациите за можни планови за соборување на претседателот Николас Мадуро, истакнуваат британските медиуми.

Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада, испрати писмо до Советот за безбедност на ОН во кое тврди дека нападите на САД во близина на брегот на Венецуела се нелегални и бара официјална осуда на САД и потврда за суверенитетот на неговата земја.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation