Медицинска сестра пријавила двојна злоупотреба од австралиски возач

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Австралискиот возач на тркачки автомобили, Џои Мосон (29)  е обвинет за силување на медицинска сестра во семејниот дом на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, во швајцарскиот град Гланд. Инцидентот, според швајцарските медиуми, се случил кон крајот на 2019 година, во спалната соба на горниот кат од вилата на семејството Шумахер, каде што обвинетиот престојувал како близок пријател на синот на Шумахер, Мик.

Жртвата, медицинска сестра на возраст од околу триесет години, била дел од тимот кој со години се грижи за сериозно повредениот Михаел Шумахер. Германскиот шампион во Формула 1 беше тешко повреден при пад на скијање во Мерибел, Франција, во 2013 година и оттогаш се наоѓа под постојана медицинска грижа во својот дом.

Иако инцидентот се случил во семејниот имот, семејството Шумахер нема никаква поврзаност со случајот, ниту пак било присутно во моментот на наводниот напад, соопштија швајцарските обвинители.

Според обвинението, по завршување на долга работна смена, жртвата заедно со колегите и обвинетиот Мосон играла билијард и присуствувала на мала коктел-забава во куќата. Вечерта завршила со нејзино онесвестување поради прекумерна консумација на алкохол, по што колегите и Мосон ја пренеле во собата за персонал и ја легнале во кревет.

Истата ноќ, според обвинителството, осомничениот се вратил во просторијата и ја нападнал заспаната жена двапати, додека таа била во несвест. Следниот ден, медицинската сестра не се сеќавала на настанот, но физичките докази предизвикале сомнежи.

Во пораките што подоцна ги размениле, жртвата го замолила Мосон никогаш повеќе да не ѝ се обраќа. Таа во прво време не го пријавила случајот, стравувајќи дека ќе ја изгуби работата и дека ќе го вознемири семејството Шумахер. Сепак, две години подоцна, во јануари 2022 година, по нејзиното отпуштање и враќањето на обвинетиот на имотот, таа решава да поднесе кривична пријава.

Судењето е закажано за среда, но може да биде одложено, наведуваат локалните медиуми. Обвинетиот, кој некогаш се обидувал да гради кариера во Формула 1, тврди дека односот бил доброволен, што жртвата категорично го негира.

Обвинетиот моментално е суспендиран од спортот поради прекршување на антидопинг правилата и е практично непознат за пошироката јавност.

Share This Article