Американскиот актер Алек Болдвин бил вклучен во сообраќајна несреќа кога автомобилот што го возел удрил во дрво, потврдија локалните власти во САД.
Според информациите на ABC News, предниот дел од возилото бил сериозно оштетен, но Болдвин и неговиот брат Стивен, кој бил со него во автомобилот, поминале без повреди.
По инцидентот, актерот се огласи на Инстаграм и објасни дека се чувствува добро.
– Имав сообраќајна несреќа утрово. Добро сум – изјави Болдвин во кратко видео.
Во пораката до своите следбеници, актерот објасни дека патот му го пресекол „камион за ѓубре со големина на кит“, поради што нагло свртил за да избегне судир и удрил во дрво. Притоа, го оштетил автомобилот на својата сопруга Хиларија Болдвин.
Тој им се заблагодари на полициските службеници во Ист Хемптон за нивната брза реакција и потврди дека веќе поднел пријава за настанот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
