Background

Македонскиот павилјон се вброи меѓу најуспешните учесници

Македонија го освои признанието „Theme Development Award“ (Награда за развивање на темата) на Светската изложба ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија, едно од најзначајните признанија што ги доделува Меѓународното биро за изложби (BIE).

Наградата беше објавена и доделена на свечената церемонија по повод BIE Day – 12 октомври 2025, со што македонскиот павилјон се вброи меѓу најуспешните учесници на ова глобално настанување.

Ова признание претставува голем успех за Македонија, бидејќи ја вреднува креативноста, концептуалната јасност и автентичниот начин на кој националниот павилјон ја оживува централната тема на ЕКСПО 2025 – „Дизајнирање на иднината за нашите животи“. Македонскиот павилјон преку иновативен пристап, културно наративно ткаење и современа визуелна презентација успеа да ја раскаже приказната за земјата како мост меѓу традицијата и иднината, со фокус на поврзување на луѓето, архитектурата и хуманоста.

- Advertisement -
Ad image

Успехот е резултат на координирани напори на Генералниот секретаријат на Владата, предводени од Кристина Ризовска Кутретински, генерален комесар за РС Македонија за Експо Осака 2025, во соработка со стручен и посветен тим од претставници, дизајнери и институции.

Клучна улога во развивањето на концептот и визуелниот идентитет на павилјонот имаше маркетинг агенцијата „Бокс дигитал“, која го осмисли и реализира креативниот концепт и комуникациската стратегија што ја поставија Македонија како современ, поврзувачки и визионерски учесник на ЕКСПО 2025.

– Оваа награда е признание за визијата и тимската работа со која ја презентиравме Македонија на глобалната сцена. Успеавме да ја раскажеме нашата приказна на начин кој е препознатлив, модерен и длабоко поврзан со темите на ЕКСПО 2025 – изјави Кристина Ризовска.

ЕКСПО 2025 во Осака се одржува под покровителство на Меѓународното биро за изложби, со учество на над 160 земји и организации. Наградите за учесници се доделуваат од меѓународно жири, кое ги оценува павилјоните според четири категории: архитектура, дизајн на изложба, одржливост и развивање на темата – најпрестижната категорија која ја нагласува способноста на павилјоните да ја претстават централната тема на Експото на инспиративен и иновативен начин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation