Научниците откриваат протекување на метан од океанското дно

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Огромни количини метан лежат на крајниот југ на планетава, коишто се создале во текот на илјадници години под морското дно. Тој невидлив гас може да истече во водата низ пукнатини, честопати манифестирајќи се како извор со меурчиња што патуваат кон површината. Протекувањата на метан се релативно чести на светско ниво, но пред ова истражување имало само едно потврдено активно протекување на Антарктикот. Малку е познато за овие подводни протекувања, и бидејќи протекувањата на метан на Антарктикот се многу малку проучени, меѓународен тим научници се зафати да ги пронајде и истражи, објави „Си-ен-ен“ (CNN). Новата експедиција е со брод, далечински управувани возила и нуркачи, кои земаат примероци од повеќе точки во Росовото Море – залив во Јужниот Океан, на длабочина до 240 метри.

Научен труд објавен во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications) идентификува повеќе од 40 протекувања на метан во плитките води. Многу од протекувањата се на новопронајдени места. Научниците се загрижени и за можните опасности врз морскиот живот. Иако сè уште не е јасно зошто се случуваат протекувањата, во тек се истражувања за да се утврди дали тие се предизвикани од климатските промени.

– Нешто што се сметало за ретко, сега се чини дека станува широко распространето. На Арктикот – на другата страна на светот, зголемените испуштања на метан веќе се поврзани со потопли температури и зголемување на нивото на морето. Ова би можело да создаде повратни опасности, каде што климатските промени ги поттикнуваат истекувањата на метан, изјави Сара Сибрук, авторка на извештајот и морски научник во истражувачката организација „Наука за Земјата“ од Нов Зеланд (Earth Sciences New Zealand).

Стравот е дека овие протекувања би можеле брзо да ослободат метан во атмосферата, што ќе ги направи извор на загадување за планетата.

– Метанот е вистински непозната работа – тој се крева во атмосферата и не знаеме зошто, рече Ендру Тербер, професор по морска биологија на Универзитетот во Калифорнија и учесник во истражувањето. – Огромните колични на метан на Антарктикот се една од најголемите загрижености. Доколку планетата продолжи да се затоплува, овие истекувања би можеле да се претворат од природна лабораторија во жариште на опасност, рече тој.

Научниците се враќаат на Антарктикот следната недела со цел двомесечна подробна анализа на истекувањата подетално.

Инаку, научниците досега сметаа дека преживањето, подригнувањето и прдењето на говедата е главен извор на глобалните емисии на метан. Фармерите беа стимулирани да додаваат адитиви во храната на добитокот за да го намалат производството на метан, а Европската Унија воведе и дополнителни давачки и други мерки за намалување испуштањето метан од фармите за добиток. Новите правила предвидуваат и построги финансиски казни за прекршителите на мерките, кои за „сериозни прекршувања“ изнесуваат најмалку 3% од вкупниот годишен промет на производствените субјекти, а се предвидува и можност за затворање на фармите кои не ги почитуваат одредбите.

Share This Article