Заев и Филипче беа тие кои дозволуваа преку РЕК и ЕСМ, ним омилената фирма Марковски компани да добива тендери со големи суми, а за возврат се богатеа и полнеа џебови од парите на граѓаните.
Дека има голем број на сомнителни тендери, говори и фактот што Марковски компани, за сличен тендер, една година земал околу 1500 денари саатница, додека пак другата година – 4000 денари.
Сето ова немаше да биде сомнително, доколку цената останеше иста, или се зголемеше незначително, но разликата меѓу двата тендера е 90 милиони денари, пари на граѓаните.
Сопственикот на Марковски компани, треба јасно да каже каде завршиле овие пари? Дали во џебовите на Заев и Филипче? Дали за бизниси во Бугарија и Дубаи? Дали за финансирање на СДС?
Овие тендери и грабежи немаше да бидат возможни ако врвот на СДС работеше чесно и одговорно.
Затоа потребно е да има правда и одговорност. Граѓаните мора да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.