Постариот брат на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, Страхиња доби условна казна од 12 месеци поради напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс, објави американскиот портал „TMZ Sports“.
Пресудата беше изречена во судот во Денвер, откако Страхиња се изјасни за виновен за нелегален влез на теренот и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти обвинителството.
Инцидентот се случил на 22 април 2024 година, на натпреварот меѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс, кога камерите го забележале моментот во кој Страхиња удира навивач во лицето веднаш по завршувањето на натпреварот.
Според официјалните извештаи, нападнатиот маж добил потрес на мозокот како резултат на ударот.
Иако првично Јокиќ тврдел дека само бранел постаро лице кое се наоѓало во негова близина, подоцна го променил исказот и прифатил вина.
Судењето започна во август 2025 година, а обвинетиот редовно се појавувал пред Окружниот суд во Денвер. Страхиња беше познат по тоа што редовно присуствуваше на натпреварите на својот брат Никола, но не е познато дали повторно се појавил во „Бол Арената“ по инцидентот.
Во меѓувреме, Никола Јокиќ се подготвува за својата 11-та НБА сезона, која започнува на крајот од октомври.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
