Не е првпат хунтата да лансира проектили од балони?

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мистериозен параглајдер фрли две бомби и уби најмалку 40 луѓе на будистички фестивал во северниот дел на Мјанмар, при што уште десетици лица биле повредени.

Според извештаите, нападот се случил во селото Чинлон, во сојузната држава Качин, каде жителите го славеле Тазунгдаинг, познатиот Фестивал на светлината. Очевидци тврдат дека параглајдерот, кој летал ниско над толпата, одеднаш испуштил два проектила, што предизвикале експлозии и масовна паника.

– Луѓето трчаа во сите правци. Видов тела распарчени на сите страни – изјавил еден од сведоците за локалните медиуми.

Крв на светлината, параглајдер над толпата

Фестивалот, познат по своите лотус фенери и огномети, се претворил во крваво бојно поле. Меѓу жртвите имало и деца, жени и постари лица.

„Најмалку 40 лица загинаа, а уште најмалку 60 се ранети“, соопшти мрежата за човекови права во Качин.

Во моментот на нападот, сцената била поставена за настап на локални музичари. Фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат уништена сцена, запалени шатори и тела покриени со чаршави.

Армијата на Мјанмар не даде официјален коментар. Но, локалните активисти обвинуваат дека нападот бил извршен од страна на воздухопловните сили на хунтата, во обид да се скрши отпорот на етничките малцинства.

Инцидентот предизвика осуда од страна на меѓународната заедница. И покрај хоророт, локалните жители ја продолжиле традицијата во наредните денови со симболични светилки во чест на жртвите.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Не е првпат да се користат параглајдери за напад?

Истражувањата покажуваат дека не е првпат во Мјанмар да се употребуваат параглајдери (или моторизирани параглајдери, „парамотор“) за воздушен напад.

Ројтерс јавува дека според податоците од аналитичките организации и извештаите од медиумите, армијата на хунтата во последните месеци почнала да ја зголемува употреба на уреди со парамотори како средство за напад и за набљудување во регионите на отпорот.

- Advertisement -
Ad image

Конкретно, агенцијата Ројтерс наведува дека парамоторите за првпат биле употребени минатиот декември во воздушна акција во внатрешноста на Мјанмар.

Аналитичката платформа „ACLED“ исто така предупредува дека хунтата ја зголемува употребата на парамотор како дел од новата фаза на воздушни операции, при што ваквите напади често водат до цивилни жртви.

 

 

Хунтата, изборите и отпорот на малцинствата

Во февруари 2021 година, армиските офицери извршија преврат, ја симнаа цивилната влада на Националната лига за демократија (НЛД) и прогласија вонредна состојба.

Од тогаш во Мјанмар тлее граѓанска војна, каде што хунтата се судира со бројни групи на отпорот, меѓуетнички вооружени организации и локални милиции.

Конфликтот е сложен и фрагментиран. Мрежа на регионални, етнички и локални групи кои бараат автономија или отпор против централната власт.

Според проценките, до 2024 година хунтата контролирара само околу 20‑30 % од територијата, додека останатото е под контрола на отпорните сили и етничките вооружени групи (заеднички или локални).

Последниоте инцидент на Фестивалот за светлината ги крена алармите во меѓународната заедница. Групата за човекови права „Амнести Интернешнел“ во соопштението изјави дека ноќниот напад треба да послужи како застрашувачки сигнал дека цивилите во Мјанмар имаат итна потреба од заштита.

Од друга страна, хунтата ги претставува  изборите, кои почнуваат на 28 декември, како пат кон помирување. Но, експерт на Обединетите Нации ги отфрли најавените избори како измама за прикривање на тековната воена власт, а бунтовниците ветија дека ќе го блокираат.

Фестивал со длабоки корени

Фестивалот на светлината во Мјанмар се слави на полната месечина на месецот Тазаунгмон според бирманскиот календар, кој соодветствува со крајот на дождовната сезона.

Тој традиционално има значење во будистичката практика и верувањата и претставува период кога луѓето даруваат свежи монашки одежди и прават добри дела.

Една од попознатите церемонии поврзани со фестивалот е пуштањето на светлечки балони или фенери (или топли воздушни балони), кои се верува дека го привлечуваат благословот и светлината кон небото и одржуваат духовна симболика за осветлување на патот кон небесните светлински сфери.

Историјата на фестивалот се поврзува и со предбудистички обичаи, како древниот индиски Катика фестивал кој им оддава почит на планетите чувари.

Share This Article