Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија стана татко. Неговата сопруга Фестина роди девојче, на кое со фудбалерот ѝ го дадоа името Аја.
Веста за породувањето први ја објавија од клубот на Барди, TÜMOSAN Konyaspor од Турција.
Тие на Инстаграм објавија фотографија од болницата на која се родителите со новороденчето.
– Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата почитувана сопруга Фестина добија ќерка, Аја. Им честитаме и му посакуваме на бебето Аја среќен и здрав живот – пишува во пораката од клубот.
По ова и самиот фудбалер на Инстаграм објави прва фотографија со ќерката.
– Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Алах, направи ја праведна и дај ѝ здравје – напиша фудбалерот.

Инаку, Барди веќе пристигна во Скопје и ги почна тренинзите со репрезентацијата за квалификациите за Светското првенство во фудбал, во чии рамки на 10 октомври ќе играат натпревар против Белгија на гости, а потоа на 13 октомври дома го пречекуваат Казахстан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
