Background

Патничкиот авион А320 на Ербас ги престигна испораките на Боинг 737  и го зазеде првото место на светската ранг-листа на најпопуларни патнички авиони во историјата

Патничкиот авион А320 на Ербас ги престигна испораките на Боинг 737  и го зазеде првото место на светската ранг-листа на најпопуларни патнички авиони во историјата.

Ова го покажуваат податоците на британската консултантска компанија Сириум според кои со вчерашната испорака на ербасовиот авион  А320 на саудиската авиокомпанија Флајнас,  бројот на испораки на овој тип авиони достигна 12.260 од неговото лансирање во 1988 година.

Раководството на Ербас не ги коментираше веднаш податоците собрани од британската консултантска компанија.

- Advertisement -
Ad image

Боинг 737 ја држи титулата најпопуларен патнички авион од 1990 година.

Боинг и Ербас им испорачаа на клиентите вкупно повеќе од 25.000 авиони со тесен труп, кои првично беа дизајнирани да превезуваат патници од помали аеродроми до големи центри за воздушен сообраќај, а подоцна да влезат во флотите на нискобуџетните авиокомпании.

И двете компании треба да воведат нови модели во текот на следните десет години, но во понеделник на конференцијата ISTAT во Прага објавија дека нема да започнат со развој толку брзо бидејќи чекаат напредок во технологијата на моторите.

Од друга страна, Ербас планира да го прошири производството на моделот А320 во САД и Кина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation