Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија се: Сусума Кутугава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги за откривање на метално-органски мрежи.
Нобеловата награда за хемија ја доделува Шведската академија на науките. Се доделува на научници за извонреден придонес во областа на хемијата.
Минатогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија беа Американецот Дејвид Бејкер за компјутерски дизајн на протеини, и Англичаните Демис Хасабис и Џон М. Џампер за предвидување на структурата на протеините.
Првата Нобелова награда за хемија беше доделена во 1901 година на холандскиот хемичар Јакобус Хенрикус ван ‘т Хоф, „за неговото откривање на законите на хемиската динамика и осмотскиот притисок во растворите“.
Најмладиот добитник на оваа престижна награда за хемија имал 35 години. Французинот Фредерик Жолио ја доби Нобеловата награда во 1935 година за синтеза на нови радиоактивни елементи.
Ја делеше наградата со својата сопруга, Ирен Жолио-Кири.
Најстариот добитник на Нобелова награда за хемија имал 97 години. Престижната награда му беше доделена на Германецот Џони Б. Гуденоф во 2019 година за развој на литиум-јонски батерии.
Тој ја подели наградата со уште двајца научници, Англичанецот М. Стенли Витингем и Јапонецот Акира Јошино.