Цените на куќите во Европската Унија продолжуваат да растат. Во вториот квартал од 2025 година, цените се зголемија за 5,4%, додека кириите се зголемија за 3,2%, во споредба со истиот период минатата година, објави Евростат.
Во еврозоната цените на куќите се зголемија за 5,1%,а на кириите во еврозоната и за 5,4% во ЕУ во споредба со истиот квартал од претходната година.
Во споредба со првиот квартал од 2025 година, цените на куќите се зголемија за 1,7% во еврозоната и за 1,6% во ЕУ во вториот квартал од 2025 година.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, една земја покажа годишно намалување на цените на куќите во вториот квартал од 2025 година, а 25 покажаа годишно зголемување.
Падот е регистриран во Финска за 1,3%, додека најголеми зголемувања се забележани во Португалија од 17,2%, Бугарија (15,5%) и Унгарија од 15,1%.
Во споредба со претходниот квартал, цените се намалија во две земји-членки, а се зголемија во 24 земји-членки.
Падот е регистриран во Франција за 0,2% и Белгија за 0,1%, додека најголеми зголемувања се забележани во Португалија од 4,7%, Луксембург (4,5%) и во Хрватска од 4,4%.