Телото е најдено во куфер на планина, се сомневаат дека е задавена од обожавател

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јун Џи-а била брутално нападната и задавена на 11 септември, по што нејзиното тело било пронајдено напуштено во округот Муџу, во провинцијата Северна Џола, објавува Дејли Меил.

Истражителите веруваат дека таа починала само 30 минути по завршувањето на нејзиното последно емитување во живо. Таа го снимала емитувањето на островот Џонгџонг, кој е на околу три часа возење од местото каде што е откриено нејзиното тело.

Ова ја наведе полицијата да се посомнева дека интернет ѕвездата, која имаше повеќе од 300.000 следбеници само на Тик-Ток, можеби била во опасност речиси веднаш по завршувањето на преносот во живо.

Според извештаите на локалната полиција, осомничениот за убиството што ја шокираше Јужна Кореја е маж во 50-тите години, идентификуван само по презимето Чои.

Чои наводно тврдел дека е извршен директор на ИТ компанија со седиште во Јужна Кореја и ѝ се обратил на инфлуенсерката под изговор на деловно партнерство, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогне да го зголеми бројот на следбеници.

Медиумите велат дека мажот бил добро познат на видео платформите и го стекнал статусот на „VIP клиент“ под прекарот „Црна мачка“, известува медиумската куќа Soap Central.

Според локалните медиуми, платформата на која Џи-а ги водела своите преноси во живо имала систем за рангирање на корисниците, врз основа на нивото на финансиска поддршка што им ја оовозможувале на креаторите на содржини.

Постигнувањето на повисоко ниво на платформата барало огромни парични трошоци, при што Чои наводно го достигнал нивото 56, што, според „The News“, чинело најмалку 53.000 фунти.

Корејската веб-страница за забава Kbizoom објавила дека Џи-а сакала да го прекине својот деловен однос со Чои пред да се случи трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Само еден ден пред нејзината смрт, Чои бил снимен на безбедносните камери како клечи и ја моли, изгледајќи како очајнички да моли за нешто.

Истражителите сега се сомневаат дека неговото прекумерно финансиско вложување и личните односи довеле до злосторството, а извештаите сугерираат дека Чои можеби се соочувал со огромни долгови.

Сведоци рекле дека го виделе Чои како влече голем куфер од својот дом, а потоа застанува на неколку локации – последната во планините на областа Муџу.

- Advertisement -
Ad image

Според локалните медиуми, тој бил уапсен само 12 часа откако било пронајдено телото. Првично ги негирал обвиненијата кога бил уапсен, но на крајот признал дека ја убил инфлуенсерката.

Мајката на починатата инфлуенсерка, скршена од болка, им изјавила на новинарите: „Детективот ми кажа дека во 15:27 часот, снимката од безбедносната камера ја покажала како се обидува да излезе од автомобилот, но била насилно повлечена назад. Потоа вратата се затворила.“

Потврдено е дека причината за смртта на Јун Џи е задушување поради притисок врз вратот.

Share This Article