Вештачката интелигенција пренесе политичка порака

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД Доналд Трамп преку снимка со вештачка интелигенција најави можно укинување на повеќе, како што вели, агенции на Демократите, кои ги оквалификува како политичка измама.

На снимката директорот на Канцеларијата за Буџет на САД шета низ американската престолнина како Жетвар на апокалипсата, додека Трамп и неговиот заменик Џеј Ди Венс, заедно со група скелети формираат бенд. Бендот ја свири позната песна „(Don’t Fear) The Reaper“ од Blue Öyster Cult.

Кој се плаши од можна „жетва“ во САД? Името на снимката е исто така мистериозно, „Проект 2025“. Дали Трамп мисли на агенциите кои веќе се во процес на затворање како УСАИД?

Според објавата, Трамп го споделил видеото непосредно пред најавената средба со директорт на Канцеларијата за буџет Расел Воут, кој важи за инспиратор на оваа „чистка“.

 

 

Teaтралната објава на шефот на САД на социјалните мрежи уследи и покрај тоа што самиот Трамп претходно се дистанцираше од „Проект 2025“, конзервативна агенда креирана од Фондацијата Херитиџ и токму Воут.

– Не знам ништо за Проектот 2025 – рече Трамп за време на кампањата.

Видеото го потпишува тимот „Dilley 300 Meme Team“, познат по креации што го глорифицираат Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Иако стилистиката е гротескна, симболиката не може да се игнорира: жетварот како чистач на „лажни“ институции, Трамп како фронтмен на нов бенд, а скелетите како армија што чекори под ритамот на револуцијата.

Share This Article