Background

Летало видливо со око кренало аларам на аеродром

Мистериозен објект, нов во серијата инциденти со дронови над Европа, го нарушил северното небо. Над градот Тромсе, во арктичкиот дел на Норвешка, се појавил неидентификуван дрон токму над локалниот аеродром, поттикнувајќи безбедносна истрага и остри реакции од норвешките власти, јави НРК.

Норвешката полиција потврдила дека во неделата забележале летал како кружи над аеродромот Лангнес, што веднаш поттикнало сомнежи за шпионажа или саботажа. Засега не е јасно кому му припаѓал дронот, ниту која била неговата цел.

Безбедносната агенција ПСТ ја презела истрагата, имајќи предвид дека во последниве месеци имало слични инциденти кај други критични инфраструктури низ северна Норвешка.

- Advertisement -
Ad image

Во јануари, норвешките власти откриле дека неколку дронови летаат во близина на гасни терминали и енергетски постројки. Инспекторите тогаш алармирале дека се можни сајбер или физички упади во чувствителните системи.

Градот Тромсе, кој се наоѓа во близина на арктичкиот круг, игра стратешка улога во мониторингот на Русија, со оглед дека тука се лоцирани и воени и научни бази на НАТО.

Норвешката влада неодамна ги засили контролите на воздушниот простор, особено по руската инвазија врз Украина, што дополнително ја зголеми осетливоста на регионот.

Во меѓувреме, аеродромот во Тромсе функционира нормално, но зголемен е бројот на патролни летови над регионот. Не се исклучува можноста дронот да бил користен за тестирање на реакцијата на системите.

Станува збор за случај кој само ја продлабочува тревогата околу воздушниот надзор и хибридните закани во Северна Европа.

Слични инциденти со дронови над Полска, Естонија и Данска ги зголемија грижите на Европската унија за можно руско мешање. Челниците за одбрана во ЕУ навестија можно формирање на таканеречн ѕид од дронови, систем од радарски станици, дронови и друга опрема кој би ги штител границите на НАТО од можен руски напад.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation