Македонија2025 ве информира за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми.
Преку поддршката на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски и партнерството со Келог Школата за менаџмент, оваа програма овозможува стипендии за учество во престижната Програма за развој на извршни менаџери (EDP – Executive development program) на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, САД.
Програмата е наменета за искусни менаџери и претприемачи кои имаат најмалку 10 години професионално искуство и стремеж за унапредување на својот бизнис и зајакнување на економскиот развој на Македонија. Кандидатите учествуваат со сопствено кофинансирање.
Алумни заедницата на Зафировски програмата денес брои неверојатни 52 личности кои со своето знаење и визија веќе го менуваат македонското стопанство.
Дознај повеќе информации за повикот, критериумите и начинот на аплицирање: ТУКА
Вториот повик е за доделување стипендии во соработка со Смит Школата за бизнис на Квинс Универзитетот во Кингстон, Канада. Кандидатите имаат можност да изберат меѓу двете програми: Лидерство или Стратешко извршување, секоја во времетраење од 5 работни дена во 2026 година.
Програмата е возобновена од минатата година и предизвикува голем интерес кај македонската бизнис заедница. Таа е наменета за средни и високи менаџери, како и за успешни претприемачи со најмалку 5 години релевантно искуство.
Македонија2025 покрива две третини од трошоците, додека кандидатите учествуваат со сопствено кофинансирање
Дознај повеќе информации за повикот, критериумите и начинот на аплицирање: ТУКА
Со овие два повика, Македонија2025 обезбедува уникатна можност за професионален раст, пристап до најсовремени знаења и создавање мрежа со глобални бизнис лидери. Крајната цел е да се зајакнат менаџерските капацитети во Македонија и да се поттикне долгорочен економски развој.
Рокови за аплицирање:
Зафировски програмата за извршно образование – до 16 октомври 2025
Програмата за извршно образование во Канада – до 25 октомври 2025
За дополнителни информации може да се обратите на Нена Манчев, програмска менаџерка за програми од областа на лидерство и образование на nena@macedonia2025.com
– Македонија2025 останува посветена на градењето генерации лидери кои ќе ја движат нашата земја напред. Ова е ваша можност – инвестирајте во себе за да ја промениме Македонија заедно! – порачуваат од организацијата.
Tagged as:
Македонија2025 отвора врати кон светот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
