Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни.
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, каде дневната температура ќе достигне 20 степени Целзиусови.

Од утре попладне до петок ќе има пообилни дождови, најавува УХМР.
Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадратен метар.
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.
Поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.
Температурата на воздухот значително ќе опадне.
Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, со постепен пораст на дневната температура.

Tagged as:
Следува потоп ќе наврне и над 50 литри дожд на квадрат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
