Во Кочани, денеска со почеток во 17:05 часот, ќе се одржи 24-тиот Марш на ангелите, најавува здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, додавајќи дека маршот е посветен на нивните 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година.
-Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме, се наведува во соопштението.
Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани. Потоа ќе продолжи кон Управата за јавни приходи. На кружниот тек кај УЈП и МВР, предвидено е кратко запирање по што колоната ќе продолжи кон полициската станица.
Потоа оттаму кон Основниот суд и Обвинителство со враќање кон Паркот на револуцијата, соопштија од здружението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
