Background

Продолжува неизвесноста по инцидентите во Данска и во Полска

Аларм се активираше во германската покраина Шлезвиг‑Холштајн откако ноќеска имало пријави за забележани неидентификувани дронови, јави Ројтерс. Инцидентот доаѓа денови по слични прелети на беспилотни летала над Полска и над Данска.

Сабине Цетерлин‑Вак, министерката за внатрешни работи на покраината изјави дека државата истражува дали дроновите имале шпионска или саботажна функција, како што рече, делумно поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји.

Германската покраина граничи со Данска на северот на земјата.

- Advertisement -
Ad image

Во последните недели, над 20 руски дронови навлегоа во воздушниот простор над Полска на 9. и 10. септември, што резултираше со подигнување на авиони на НАТО и соборување на неколку летала.

 

 

Германската влада најави засилување на воздушната безбедност на источниот кордон на НАТО, особено во полските воздушни коридори.

— Ппокрај постојните обврски во балтичките земји и Полска, ќе ја прошириме воздушната полиција над Полска – порача портпарол на германската влада.

Во Данска, пак, дронови беа забележани над аеродромите Копенхаген и Олборг на 22. и 25. септември, поради што беа прекинати сите летови, а властите го оквалификуваа инцидентот како „најсериозен напад на критична инфраструктура“.

Според Би-Би-Си, не е исклучена руската вмешаност, иако не се пронајдени докази.

Истовремено, НАТО интензивираше воздушни патроли долж источниот фронт. Британија, Франција и Германија обезбедија дополнителни ресурси и авиони, со цел да се одврати понатамошна ескалација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖