Сијарто се пожали, доби одговор од Пленковиќ

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватска ја искористува војната во Украина за воено профитерство, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред Генералното собрание на Обединетите Нации, на што подоцна доби одговор од Хрватска.

– Хрватите нè искористуваат. Петпати ја зголемија таксата за транзит преку нафтоводот (ЈАНАФ) од почетокот на војната. Тоа е воена доплата. Тоа е профитерство – изјави унгарскиот министер во обраќањето во ОН предупредувајќи дека, како што вели, владата на Унгарија нема да дозволи нивната алчност да ги уништи резултатите од намалувањето на режиските трошоци.

Сијарто дури и изрази сомнеж дека нафтоводот може долгорочно да обезбедува сигурна испорака.

– Тестот на 17 септември покажа дека ЈАНАФ не може да поднесе континуирано снабдување под висок притисок. Тоа е ризик и неодговорност – додаде тој.

Унгарија и Словачка, без пристап до море, се зависни од ЈАНАФ за алтернативна испорака на нафта, со оглед дека директното снабдување од Русија е сè поограничено. Меѓусебното обвинување доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските сојузници да не купуваат руски енергенси, нешто на што Унгарија јавно се спротивстави.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ возврати на обвинувањата на Сијарто на следниот начин:

– Со огорченост ја отфрлам лажната теза дека Хрватска е воен профитер. Напротив, Хрватска е добар и чесен сосед – нагласи тој.

Пленковиќ објасни дека ЈАНАФ има капацитети за транспорт до 15 милиони тони нафта и дека тоа е тестирано.

– Нашата задача, по руската агресија, е да обезбедиме енергетска сигурност за ЕУ. Хрватска тоа го прави и за Унгарија и Словачка – изјави тој.

- Advertisement -
Ad image

Според првиот човек на хрватскатаа влада, алузиите за профитерство се опасни дезинформации:

– Прво, Хрватска не користи руска нафта од 2022 година. Второ, Унгарија сè уште добива поевтина руска енергија. Ако некој профитира, тоа е Унгарија – рече Пленковиќ.

Хрватска, тврди Пленковиќ, станала регионален енергетски центар токму поради своите напори за солидарност и инфраструктурна подготвеност, а не поради „воена алчност“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article