Поранешниот британски премиер Тони Блер е вклучен во разговори за водење на преодна влада во Газа доколку се постигне прекин на огнот

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот британски премиер Тони Блер е вклучен во разговори за водење на преодна влада во Газа доколку се постигне прекин на огнот, објави Би-Би-Си.

Блер, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни, за да се стави крај на војната во Газа и да се планира иднината на палестинските територии по конфликтот со Израел.

Во срцето на најновиот предлог, што го дискутираа американскиот претседател Доналд Трамп и арапските лидери во ОН оваа недела, е идејата Газа да биде управувана од преодно тело поддржано од ОН и од земјите од Заливот, пред власта да им се врати на Палестинците.

Една опција е Блер да ја предводи владата. Неговата канцеларија нагласи дека нема да поддржи ниедно решение што подразбира протерување на жителите на Газа.

Во август поранешниот британски премиер присуствуваше на состанок во Белата куќа со Трамп за да разговараат за повоените планови за Газа. Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, го опиша состанокот како „многу сеопфатен“, но не беа објавени дополнителни детали.

Откако ја напушти функцијата во 2007 година, Блер помина неколку години како пратеник за Блискиот Исток за Квартетот на меѓународни сили (САД, ЕУ, Русија и ОН), фокусирајќи се на економскиот развој на Палестина и поставувањето услови за решение со две држави.

Како премиер, Блер беше одговорен за одлуката за испраќање британски сили во војната во Ирак во 2003 година, што беше остро критикувано од официјалната истрага, бидејќи војната се базираше на непроверени разузнавачки информации дека Ирак има оружје за масовно уништување.

Разговорите за неговата улога во преодната влада за Газа доаѓаат откако палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера изјави дека е подготвен да соработува со Трамп и со други светски лидери за спроведување на мир со две држави – Израел и Палестина. Абас ја отфрли улогата на Хамас во идното управување со Газа и побара нивно разоружување, пишува Би-Би-Си.

Претходно оваа недела, Велика Британија официјално ја призна државата Палестина, а тоа го сторија и Канада и Австралија, по што следеа и други земји како Франција и Данска. Израел и САД го критикуваа овој потег како „награда за Хамас“.

- Advertisement -
Ad image

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи дека овој дипломатски потег значи дека Хамас нема иднина и нема улога во владата или во безбедноста, како и дека потегот е спротивен на нивната „визија исполнета со омраза“.

Израелската војска почна воена кампања во Газа како одговор на нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, претежно цивили, а 251 беа земени како заложници.

Оттогаш, најмалку 65.419 луѓе се убиени во израелските напади во Газа, според тамошните здравствени власти. Комисијата за истрага на Обединетите Нации изјави дека Израел врши геноцид врз Палестинците, што Израел го негира.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article