Background

Ќе се прави скрининг за ненадејна смрт кај млади

Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи, беше истакнато од експерти учесници на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area), што денеска се одржува во Скопје, во организација на здружението „Судска медицина“, заедно со Институтот за судска медицина.

Професор доктор Златко Јаќовски, претседател на Здружението „Судска медицина“, рече дека овој настан е важен од причина што ненадејната срцева смрт кај млади луѓе е многу честа појава и најчесто оваа причина за смрт тешко се дијагностицира. Тој додаде дека многу е важно да се направи еден генерален регистар за ненадејна срцева смрт во нашата земја, но и во регионот со цел да се знае точниот број, причинителот и дали има евентуална генетска предиспозиција. Тоа е важно, нагласи тој, затоа што преку генетски скрининг, што би се направил кај роднините на покојниот, можат да се спасат и животите на други роднини.

Целта е, додава тој, да се унифицира протокол што ќе го користат сите балкански земји со цел да се собираат бази на податоци на соодветен начин од клинички преглед, генетички процедури, лабораториски анализи со соодветни судско – медицински протоколи, хистопатолошки наоди, токсиколошки анализи и генетски скрининзи.

- Advertisement -
Ad image

– Кај нас се работи по протокол што ги задоволува сите стандарди за добра дијагноза на ненадејна срцева смрт. Ние ги опфаќаме сите медицински форензични параметри што се доволни да се докаже причината за смрт. Работиме на висока технологија со моментално најдобрите реагенси за детекција на ненадејна срцева смрт и целта е и другите држави околу нас во регионот да го следат истиот протокол. Имаме одлична соработка. Имаме супер научници од регионов и во Европа и се надеваме дека за следниве година, две, три, ќе го направиме тој унифициран протокол со што ќе може на соодветен начин да се прибираат тие бази на податоци. Освен што ќе се дијагностицира причина за смрт, исто така, да се спасат животи на роднините на починатиот – појасни Јаќовски за МИА.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски појасни дека има посебен наменски буџет за истражување на ненадејната срцева смрт.

На состанокот присуствуваа еминентни стручњаци од регионот како и од Италија, Англија, Турција и од Швајцарија, од кардиологијата, судската медицина, спортска медицина, молекуларна биологија и од ИТ секторот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation