Времето во петок, 26 септември, ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурите ќе бидат во интервал од 17 до 24 степени.
Под влијание на циклонска активност од утре, петок, 26-ти, до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
