Необична случка го привлече вниманието на медиумите во Германија. Обично во Бундестагот се опоменуваат лицата кои се многу бучни, но овојпат потпретседателката на законодавниот дом ги опомена младите гости во ложата дека не внимаваат.
– Забележавме дека има неколку лица кои дремат и не ја следат дебатата. Љубезно ги повикуваме да ја напуштат салата- изјави Андреа Линдхолц.