Администрацијата на претседателот Доналд Трамп  соопшти дека  ретроактивно ќе важи царинската стапка од 15% за автомобили и автоделови од ЕУ

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп  соопшти дека  ретроактивно ќе важи царинската стапка од 15% за автомобили и автоделови од ЕУ. Царината е со важност од 1 август.

Во известување од Федералниот регистар се наведува дека го измениле распоредот на царините за да го спроведат рамковниот договор постигнат со ЕУ во јули, со кој се намалуваат царините на 15% за поголемиот дел од увозот од ЕУ, вклучително и автомобилите.

За автомобилската индустрија, одлуката значи намалување на царините од 25% на 15% , потег што ги ублажи тензиите во секторот кој чекаше повеќе од еден месец за официјална потврда. 

Во известувањето од САД, исто така, се наведени стотици производи од ЕУ кои се ослободени од новите царини на Трамп, вклучувајќи природни ресурси како што се плута што недостасува во САД, сите авиони и делови за авиони, како и генерички фармацевтски производи и нивните состојки и хемиски прекурсори.

Share This Article