Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија, соопштија властите.

Наставничката го преживеала нападот и нејзиниот живот не е во опасност, но 14-годишникот е на работ на смртта откако се избодел во вратот додека полицијата се обидувала да го фати при бегството од училиштето со велосипед.

Обвинителката од Стразбур, Кларис Тарон, им изјави на новинарите дека ученикот имал тешко детство, дека бил во згрижувачко семејство каде што трпел насилство, по што бил сместен во институција.

– Може да се види дека бил заинтересиран за оружје и сè што е поврзано со Втората светска војна, особено нацизмот – рече Тарон.

Таа додаде дека тој веќе бил санкциониран од институцијата и дека бил под надзор на психолог откако нацртал цртежи со нацистичка тематика, вклучувајќи војник кој ја крева десната рака во нацистички поздрав.

Тарон рече дека ученикот ја избол наставничката со голем кујнски нож во лобито на училиштето во градот Бенфелд и не се обидел да нападне други наставници пред да избега.

Француската министерка за образование Елизабет Борн изјави дека ученикот претходно немал насилно однесување. Тој веќе бил привремено исклучен од училиштето и дека се покренати нови дисциплински постапки откако нацртал симболи на СС во својата тетратка.

Безбедноста во француските училишта е предмет на интензивна дебата во последните години. Во јуни, тогашниот премиер Франсоа Бајру изјави дека владата ќе ги тестира безбедносните врати во училиштата откако училишен помошник беше избоден за време на претрес на чанти.

Share This Article