Путин ги тестира границите, вели германски министер

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руски воен авион прелета над германска воена фрегата во Балтичкото Море, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

– Навлегувањата на руски дронови и воени авиони длабоко во полскиот и естонскиот воздушен простор, како и прелетот над германска фрегата во Балтичкото Море во рок од неколку дена, јасно покажуваат дека Русија буквално ги тестира границите, вклучително и на земјите-членки на НАТО, со сè поголема фреквенција и интензитет – рече Писториус.

Прелетите над бродови се сметаат за непотребна провокација.

Според извори на ДПА, станува збор за фрегатата „Хамбург“, која моментално учествува во тековните вежби на НАТО под името „Нептун страјк“. Двата прелета се случиле непосредно пред и за време на изминатиот викенд.

Третата серија од вежбите „Нептун страјк“ се одржува од 22 до 26 септември и има цел да ја демонстрира способноста на Алијансата да интегрира напредни поморски ударни капацитети, да го зајакне одвраќањето и да обезбеди слобода на навигација низ критичните водни патишта.

Изјавите на Писториус дојдоа во момент кога тој побара од пратениците во Бундестагот да го одобрат буџетот на Министерството за одбрана за 2026 година.

Министерот рече дека рускиот претседател Владимир Путин „сака да ги провоцира земјите-членки на НАТО и да идентификува, открие и искористи наводни слабости во Алијансата“.

Но, според Писториус, Путин прави грешка.

– Алијансата реагираше на руските провокации со јасно единство и решителност, но истовремено и со неопходната присебност што денес е особено важна – нагласи тој.

- Advertisement -
Ad image

Според предлогот на германската Влада, буџетот за 2026 година предвидува 82,69 милијарди евра редовни трошоци, плус дополнителни 25,51 милијарди евра од специјалниот воен фонд воспоставен по руската инвазија врз Украина.

За споредба, во 2025 година редовното трошење изнесува 62,43 милијарди евра, а уште 24,06 милијарди евра се одвојуваат од фондот.

Share This Article