„SORRY“ на Витаминка – Првата целосно AI реклама во прехранбената индустрија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Витаминка ги претстави новите вкусови за популарните бонбони „Sorry“, банана и манго, преку првата целосно создадена реклама со вештачка интелигенција (AI) на македонскиот пазар. Со оваа пионерска иницијатива, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога на иноватор во индустријата и лидер во воведувањето на нови технологии, овој пат во комуникацијата со потрошувачите.

Рекламата е комплетно изработена со помош на најсовремени AI алатки, кои овозможија создавање на уникатни визуелни решенија, динамична анимација и впечатливи сцени кои претходно беа тешко остварливи во традиционалната продукција. Секој сегмент, од сценографијата и карактерите, до светлото, боите и амбиентот е генериран со вештачка интелигенција, при што креативниот тим ја насочуваше технологијата за да се добие саканиот уметнички израз.

И покрај тоа што е создадена со технологија, рекламата ја доловува суштинската емотивна компонента. Брендот е изграден како симбол на искрена порака која носи блискост и топлина, а AI креативниот процес го надгради ова чувство преку впечатлива визуелна поетика и ја претставува на свеж и допадлив начин.

За Витаминка ова не е само реклама, туку стратешки чекор кој ја потврдува нејзината позиција како компанија што не се плаши да експериментира, да инвестира во иднината и да биде пред своето време. Со интеграцијата на AI во креативните процеси, Витаминка ја зацврстува својата врска со младата публика која очекува модерни и возбудливи комуникациски решенија, но и покажува дека традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.

Рекламата за „Sorry“ создадена со вештачка интелигенција е достапна на линкот.

Share This Article