Најмалку 15 лица беа убиени во израелски напади во Појасот Газа денес, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.
Според службите за итни случаи на градот Газа, најмалку седум лица беа убиени во три воздушни напади. Целите беа општински магацин и шатори во кои беа сместени раселени лица во близина на пазар во центарот на градот.
Пет лица беа убиени во два напада врз бегалскиот камп Нусеират во централна Газа, а три во други напади во градот Газа.
Израел минатата недела објави започнување на копнени и воздушни воени операции во градот Газа, со цел уништување на палестинското движење Хамас.