На манифестацијата „Денови на тиквата“ во Кикинда, Србија измерена е тиква од дури 832 килограми.
Оваа тиква растела во стаклена градина околу 100 дена, под будното око на сега веќе петкратниот шампион, Унгарецот Тибор Кокај, кој е земјоделец од околината на Будимпешта.
– Многу сум среќен што сме блиску до рекордот што го срушивме претходната година, секогаш се радувам кога доаѓаме во Кикинда. Секој ден истурав од 800 до 1200 литри вода – вели Кокај.
Второто место го освои сопругата на победникот Мелинда, со бројка од 799,5 килограми, додека третопласираната тикваа ја негуваа учениците и професорите од Земјоделското училиште во Бачка Топола.
Златниот медал во долги категории на тикви отиде кај минатогодишната победничка Гордана Лазиќ, чија тиква го растегна метарот на судијата на 295 сантиметри.
– Беше ужасна година, температурите се високи, борба е до крај. Подобро е што ја прскавме помалку за штетници, веројатно и тие избегаа од Сонцето – вели Лазиќ.
Tagged as:
На манифестацијата „Денови на тиквата“ во Кикинда Србија измерена е тиква од дури 832 килограми
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖