Background

Прекинато снимањето на блокбастерот од 150 милиони фунти откако главниот актер доживеал несреќа

Филмската ѕвезда на „Спајдермен“, Том Холанд, бил итно префрлен во болница по неуспешен каскадерски потфат во продолжението на серијалот за супер јунакот.

Според „Дејли меил“, Холанд бил итно префрлен во болница откако сцена со каскадери тргна наопаку, со што снимањето на блокбастерот од 150 милиони долари беше прекинато.

Холанд (29) претрпел повреда на главата по пад на снимањето во студио во Велика Британија и бил итно префрлен во болница каде што му бил дијагностициран потрес на мозокот. Се верува дека снимањето на „Спајдермен“ ќе биде прекинато неколку недели додека не се опорави.
Британските медиуми добиле информации и од службата за брза помош која била повикана на студискиот сет.

- Advertisement -
Ad image

– Бевме повикани во петокот во 10:30 часот поради повреден пациент. Брза помош беше испратена на местото на настанот, а пациентот беше префрлен во болница за понатамошна нега.

Таткото на актерот, Доминик Холанд, им изјавил на медиумите дека неговиот син ќе биде отсутен од снимањето некое време, по што Холанд бил виден на добротворна вечера со својата свршеница и колешка Зендаја, но го напуштил настанот порано бидејќи не се чувствувал добро.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation