Есента официјално започнува на северната хемисфера денес во 18:19 часот.
Астрономски, овој момент се нарекува есенска рамноденица – денот кога светлината и темнината се речиси целосно изедначени.
На есенската рамноденица, сонцето ќе почне да се спушта под линијата на небесниот екватор и неговата светлина постепено ќе станува послаба, а ноќите подолги.