Background

Македонскиот легендарен фудбалер Бошко Ѓуровски (63) кој е трофеен играч и тренер на Црвена звезда, сега претседател на ветераните на клубот, падна во несвест додека држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на клубот

Македонскиот легендарен фудбалер Бошко Ѓуровски (63) кој е трофеен играч и тренер на Црвена звезда, сега претседател на ветераните на клубот, падна во несвест додека држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на клубот.

Миловановиќ, поранешен капитен на Звезда и член на српската репрезентација, почина пред четири дена на 42-годишна возраст како последица на срцев удар на фудбалскиот терен, откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу ветераните на Звездара и ПКБ, на кој постигна гол.

Ѓуровски се збогува со Миловановиќ со говор:

- Advertisement -
Ad image

– Тој беше и останува симбол на Црвена Ѕвезда, тој беше идол на неговите соиграчи, играчи и навивачи кои дојдоа по него. Неговата љубов кон Звезда беше инспирирана од неговиот татко кој играше во познатата генерација и беше успешен во неа. Тој ги направи своите први чекори тука, играше за Звезда од самиот почеток – рече меѓу другото Ѓуровски.

Кога го заврши говорот, побара да му донесат вода. Откако се напи и го заврши говорот, се струполи. Публиката брзо се упати кон него, потоа му беше укажана медицинска помош, а како што објавија од клубот, Ѓуровски сега е во стабилна состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation