Background

ДВОДНЕВЕН СИМПОЗУМ ЗА МЕДИТЕРАНСКА И ТЕОРЕТСКА АРХЕОЛОГИЈА

Синоќа во куќата на Робевци, беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска  и теоретска аррхеологија – ЛИХНИДА“. Дводневниот научен собир е во организација на повеќе институции од Македонија и универзитетот Хамболд од Соединетите Американски Држави. На свеченото отворање се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

– Исклучителна е честа денес да се биде во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските деноови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“.

Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство.

Почитувани, верувам дека во наредните два дена со вашите презентации, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија – истакна Пецаков.

Директорот на симпозиумот проф. д-р Љубен Тевдовски потсетувајќи дека Охрид е симбол за материјалното и духовното наследство на македонскиот народ, но и значајна точка, вруток на европската, медитеранската и светска цивилизација, истакна:

– Денес се инспирираме и ја пресоздаваме нашата милениумска Охридска и македонска традиција. Нашиот македонски, европски, медитерански и светски  бисер на археолошко и културно наследство Охрид, денес се трансформира пред нашите очи во модерен центар за фундаметални анализи и методолошка строгост. Нова значајна точка на постојани средби на медитеранските археолози посветени на обновувањето и постојано преосмислување на археологијата како научна дисциплина, развојот на нова свест за недореченостите и заблудите во науката и општеството, обезбедувањето нови пристапи во проучувањето и разбирањето на нашето заедничко минато и соочувањето со медитеранските и глобалните предизвици до денешноста и иднината.

Дозволете ми да ви честитам за основањето на новата меѓународна институција која го продолжува милениумскиот дух на Градот на светлината и повеќедецениската благородна мисија на УНЕСКО. Во таа смисла, „Меѓународниот симпозиум за теретска и медитеранска архологија Лихнида“, е израз нашата заедничка посветеност на долгорочна промоција на мирот, културното разбирање и заштитата на заедничкото наследство на човештвото.

Во продолжение на вечерта, се одржа пред промоција на книгата “Етиката во археолошката практика“ од проф. д-р Пол Белфорд и проф. д-р Гери Вејт, која својата светска промоција ќе ја има на Келог колеџот на универзитетот во Оксфорд.

- Advertisement -
Ad image

На дводневниот симпозиум учествуваат повеќе од 40 еминенти научници и археолози и од земјава и странство.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation