Ѓорческа запрена во четвртфинале

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа беше сопрена во четвртфиналето на турнирот W75 во Куршумлијска Бања, Србија. Поуспешна од неа во неизвесен натпревар беше Лили Тагер од Австрија со 2:1 во сетови (6:3; 5:7; 7:6(7:5)).

Ова е втора победа за тенисерката од Австрија во последните пет дена, откако претходно ја победи Грузија во три сета во финалето на турнирот во Букурешт.
Во првиот сет, Тагер направи брејк и поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа успеа да се врати и да го намали резултатот на 4:3. Сепак, следните два гема ѝ припаднаа на нејзината соперничка. Во вториот сет 4:3 во гемови за Тагер, Македонската тенисерка успеа да направи пресврт и го доби сетот со 7:5 и израмни на 1:1.

Во решавачкиот сет, младата Тагер повторно беше во водство, а Македонската тенисерка ја спаси меч-топката во десеттиот гем од сетот, а потоа со брејк го израмни гемот на 5:5. Сепак, мечот беше решен во тој брејк, а Тагер одлучи да го добие со 7:5 на поени.

Лина Ѓорческа освои 16 поени за своето место во четвртфиналето, а на новото рангирање ќе биде рангирана под 200-то место.

Share This Article