Видео од Хејли, техничарката во мртовечница, позната под името „The Mort Tech“, стана вирално на TикTок во последните денови. Таа им откри на своите следбеници каква е нејзината работа, која, иако непопуларна, е изненадувачки добро платена.
Хејли заработува до 45.000 фунти (околу 53.000 евра) годишно, и вели дека не ѝ биле потребни никакви посебни квалификации или обука за да почне да работи на оваа работа.
– Единствениот услов што морав да го исполнам беше возачка дозвола – рече таа, додавајќи дека првиот месец работела заедно со поискусен колега и учела на лице место.
По четири до пет недели добила зелено светло да ја работи работата целосно независно. Најголемиот предизвик, признава таа, бил носењето тела поради нејзината висина.
– Нема формална обука, добивате брошура и ја читате. Поголемиот дел од учењето се случува на работа – објаснува таа.
На TикТок, Хејли редовно одговара на прашања од љубопитни следбеници, од оние за балсамирање до нејзините лични желби за погреб. Нејзините видеа, исто така, предизвикаа дискусии за тагата и справувањето со загубата, при што многу следбеници ѝ се заблагодарија за нејзината работа.
„Се грижеше за мојата братучетка и знам дека постојано го повторувам тоа, но немаше да се збогуваме без тебе“, напиша еден гледач. Друг додаде: „Ги обожавам твоите видеа, толку си интересна“. Трет признава дека нејзините видеа се вистинска инспирација: „Неверојатно е што правиш, би сакала и јас да ја работам оваа работа“.
Tagged as:
Заработува 4.500 евра месечно и не ѝ треба никакво училиште
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
