Одбраната на источниот град Покровск во Украина забрзано попушта, додека рускити сили ги прекинуваат последните коридори за снабдување со храна и муниција, користејќи дронови за создавање „зона на смрт“, јави Скај Њуз.
Градот, кој пред војната имал 60.000 жители, е логистички јазол наречен „порта кон Донецк“. Ако падне, снабдувачките линии на Киев ќе бидат пресечени, а патот кон Краматорск и Словјанск ќе се отвори.
– Русите сакаат да ги истиснат украинските бранители без масовен напад, бидејќи тоа би им донело огромни загуби – изјави за Скај њуз д-р Марина Мирон, аналитичарка од Кралскиот колеџ во Лондон.
Таа нагласува дека Москва преферира бавни операции на опкружување, налик на тактиката што ја примениле кај Бахмут.
Купјанск под нов притисок
Додека Покровск се брани до последниот здив, на североистокот избувнува ново жариште. Во околината на Купјанск, кој естратешки град близу Харков со важни железнички врски, руските сили бележат напредок.
Институтот за проучување на војната (ИСВ) јави дека Русите се приближуваат кон градот. Украинскиот Генерален штаб потврди невообичаен обид за инфилтрација:
„Непријателот се обиде да користи цевковод за да се протне во зоната. Излезот од цевката е под наша контрола, а во тек е протусаботажна операција“, соопшти командата во Киев.
Институтот претходно наведе дека Русите се обидуваат да користат подземен гасовод во близина на Купјанск за инфилтрација.
Градот, ослободен од Украинците во контраофанзивата во 2022, денес е скоро до темел разрушен и под постојани удари. Аналитичарите предупредуваат дека Москва би можела да го користи ова жариште за враќање изгубени територии или за добивање политички адути во можни мировни разговори.
Зеленски бара јасен одговор од Трамп
Ескалацијата на фронтот ја зголеми дипломатската тензија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за Скај њуз, побара од американскиот лидер Доналд Трамп отворено да се изјасни за санкциите кон Русија и гаранциите за безбедност на Украина.
– Имаме сè помалку време, а секој ден без јасни одлуки значи нови рушевини – предупреди Зеленски.
Од друга страна, Трамп неодаман изјави дека е подготвен да воведе „големи санкции“ против Москва, но само ако сите членки на НАТО престанат да увезуваат руска нафта.
Шефот на САД смета дека додека не се укине купувањето руска нафта од сите земји на НАТО, секоја нова санкција ќе има ограничен ефект и ќе ја намалува способноста на Алијансата да преговара со Русија.