По извршен претрес во куќа во Тетово уапсени се две лица, соопшти полицијата.
„На 16.9.2025 година во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово. При претрес во домот и во помошни простории во Театово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин“, соопшти полицијата.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.