По анализата на резултатите од сите земени примероци по пожарот во Трубарево, може да се заклучи дека нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забележува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само на едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и тоа е во рамките на очекувањата. Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Земени биле мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb.
Испитана е и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.
Институтот за јавно здравје соопшти дека во најкус можен рок успеал да ги направи потребните анализи, кои ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа.
Во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух, како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.
На 15.09.25 ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.
На 16.09.25 ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва, како и испитувањата за радиокативност во вода.